Трамп го искористи нападот во Лондон за неговата забрана за патување на муслимани
Објавено во: Свет 04 Јуни, 2017
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сочуство и жалење за новиот терористички напад во Лондон каде има шест жртви, но и овој пат го искористи за своите политички цели.
Тој повтори дека мора да се воведе неговата идеја за забрана за патување на граѓани од повеќе земји од Блискиот Исток и Африка каде има воени и терористички движења, а живеат претежно муслимани.
- Се што е во моќта, САД ќе му помогне на Лондон и на Велика Британија. Со вас сме. Мора да бидете паметни, внимателни и силни. Судовите мора да ги вратат нашите права. Потребна ни е Уредбата за забрана на патувања како дополнителна мерка на безбедност, порача Трамп.
Неговата прва извршна наредба беше експресно блокирана од федералните судови во САД, а избија и големи протести. Сега администрацијата на Трамп бара нова форма во која ќе ја протне забраната без да го наруши Уставот на САД или меѓународните конвенции.