ТРАМП ГО УБЛАЖИ СТАВОТ: Муслимани од Британија можат во САД
Објавено во: Свет 28 Јуни, 2016
Предлогот за републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп ја имаше најбомбастичната изјава со која тврдеше дека муслиманите не можат да влезат во САД, но тој изгледа го променил својот став.
Тој при посетата на голф терените во Шкотска, кажа дека би било во ред муслиманите од Шведска и Британија да дојдат во САД.
На Твитер подоцна напиша дека мора да се запре имиграцијата од регионот, која е поврзана со тероризам додека не бидат на сила мерките за проверка.
Трамп во декември 2015 година повика да се забрани влез на муслимани во САД, по пукањето во Сан Бернардин во Калифорнија, додека претставниците на таа држава не утврдат за што се работело.
До тој став се држеше и во јануари годинава.
Трамп е свесен дека неговата изјава беше дочекана со бес и презир, но вели дека сега многумина сфаќаат дека бил во право. Тој смета дека САД треба да биде во позиција правилно и целосно да контролира кој влегува во земјата.