06 Мај, 2024
0.0366

Трамп одобри прогласување на вонредна состојба во Вашингтон

Објавено во: Свет 12 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Претседателот на САД во заминување, Доналд Трамп одобри вонредна состојба во Вашингтон, главниот град на САД, соопшти Белата куќа, откако претставниците на американското спроведување на законот предупредија на можни немири пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Трамп ја одобри уредбата за продолжување на федералната поддршка до 24 јануари за да може да се решат вонредните ситуации во Вашингтон.

На овој начин, Федералната агенција за управување со вонредни состојби може да „идентификува, мобилизира и обезбеди опрема и ресурси потребни за справување со последиците од вонредната состојба“.

Ова се случува откако приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот на САД на 6 јануари поради непотврдените тврдења дека се украдени изборите. Во насилството загинаа пет лица.

Во понеделникот, Федералното биро за истраги (ФБИ) предупреди на можни вооружени протести во сите 50 држави и главниот град на САД за време на инаугурацијата на Бајден на 20 јануари.

Градоначалникот на Вашингтон, Мурил Браузер, испрати писмо викендов во кое бара поголема безбедност за инаугурацијата поради „хаос, повреди и смрт“ во Капитол на 6 јануари.

Од Министерството за домашна безбедност побарано е да ја продолжи вонредната состојба за да им овозможи на федералните и локалните агенции подобро да се подготват за инаугурацијата и побара од ФБИ дневни разузнавачки извештаи и извештаи за закани од 11 до 24 јануари.


Можеби ќе ве интересира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук