ТРГУВААТ СО ДРОГА И ЛУЃЕ: Потекнуваат од Елбасан и ја „тресат“ Британија
Објавено во: Свет 17 Септември, 2018
Aлбанската мафија владее со подземјето во Британија.
Нивните криминалци ја презеле контролата над трговијата со наркотици во Англија, пишуваат тамошните медиуми. Полицијата од Велика Британија лани уапсила 140 државјани на Албанија, од кои 51 лице се товарат за шверц со дрога, објави „Дејли мејл”.
Националната агенција за криминал тврди дека албанските криминални групи „имаат воспоставено значително влијание врз организираниот криминал во Велика Британија и имаат голема контрола врз трговијата со дрога”.
Во југоисточна Англија, како најголем „крал на кокаинот” се спомнува Клодјан Копа (31), кој беше осуден на 17 години затвор за трговија со дрога. Тој е од Елбасан, и заедно со други криминалци донеле кокаин во вредност од 150 милиони фунти во Велика Британија. Криминалците од Албанија се вклучени и во трговијата со луѓе.