04 Мај, 2024
0.1130

Три прашања на интервју за работа од кои се плашите

Објавено во: Стил 04 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Кога луѓето одат на интервју за работа, има прашања од кои се плашат и за кои треба добро да се подготват. 

На овие прашања треба да одговорите ефективно за да бидете повикани на работа.

Зошто да ве вработиме баш вас?

На ова прашање мора да се продадете себе си на посебен начин. Не зборувајте за вас, туку за тоа што можете да направите за фирмата. Истакнете ги вашите знаења и вештини и како ќе ги примените. 

Кажете ни нешто за себе...

Останете фокусирани и мислете што сакате да му остане како впечаток на вашиот соговорник.  Почнете со своето искуство и успех, па продолжете за вештините и можностите. 

Која е вашата најголема слабост?

Ова е најтешко прашање и ќе се чудите како да го одговорите. На секој разговор се трудите да се покажете во најдобро светло и проблем настанува кога треба да зборувате за својата слабост. Покажете дека сте најдобра личност за работата која ја нудат. Вашата предност наведете ја како слабост. На пример, можете да кажете дека сте многу посветени на работата и дека тоа некогаш ве нервира.