26 Април, 2024
0.0285

ТРИ ЗЛАТНИ И ТРИ БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА МАКПЕТРОЛ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ТУРНИР ВО ТУЗЛА

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Карате клубот Макпетрол – Скопје викендов зема учество на интернационалниот карате турнир кој се одржа во Босна и Херцеговина, Тузла – опен. На турнирот земаа учество 888 тактичари од 75 клубови и национални селекции од Хрватска, Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Овој турнир се одржа во салата Мејдан, 23-ти пати по ред, а се одржува по повод независноста на Босна и Херцеговина.

Каратистите на Макпетрол на овој турнир настапија претежно во највозрасната сениорска конкуренција и тие успеаја да освојат вкупно 6 (шест) медали, од кои 3 (три) златни и 3 (три) бронзени.


Нашата најдобра сениорка за 2020 година Анѓела Мојсовска успеа да освои два медали на овој квалитетен турнир. Таа најнапред се закити со златниот медал во сениорска конкуренција категорија -68 кг, со пет победи до медалот. Подоцна, во свечениот дел од турнирот Мојсовска како победник во категоријата доби право за настапи и во Апсолутна категорија, категорија во која имаше и парични награди од страна на организаторот, додека во апсолутна категорија таа го освои бронзениот медал. – додадоа од КК Макпетрол.

Глигор Петков настапи во категоријата на -84 кг. Тој исто така влезе во финалето и успеа да го освои златниот медал. До златниот медал Петков успеа да победи 4-ри спортисти, како победник во својата категорија и тој доби право да учествува во Апсолутната категорија, каде што имаше исто така забележителен настап. Глигор Петков е европски јуниорски вице шампион и репрезентативец на Северна Македонија.

Третиот златен медал за макпетролскиот тим го освои репрезентативецот Стефан Стојановиќ во јуниорска конкуренција, во категорија +76 кг.

Бронзени медали освоија, Моника Пендаровска категорија -61 кг и Марија Петровска категорија -50 кг.

Забележителен настап иако останаа без освоен медал имаа и спортистите Роберто Ацковски, Давид Петков и Витомир Трајковски.

Бошко Заборски најдобриот тренер за 2020 година изјави: - „Сакам да истакнам дека многу сме задоволни од постигнатиот резултат. На овој турнир заминаа осум спортисти, а успеавме да освоивме 6 (шест) медали. Задоволството е поголемо бидејќи медалите се освоени во сениорска конкуренција. Овој турнир беше предвиден по планот и програмата на клубот, иако сите сме затекнати и работиме во  отежнати услови поради пандемијата. Ние како спортски колектив одлучивме дека мораме да продолжиме со спортски активности и направивме уште една одлична контрола за нашите репрезентативци. На овој турнир како што се гледа од пријавите, имаше голема масовност и многу голем квалитет, посебно во сениорска конкуренција. Учеството на државите од регионот зборува дека сите многу сериозно се подготвуваат, најнапред за претстојниот турнир закажан од страна на Светската карате федерација во Истанбул на 12 Март, но подготовките и контролите се и за Европското сениорско првенство кое е закажано за месец Мај во Хрватска. Во изминатиот период сите спортисти имаа ограничен број на настапи и затоа мораа да дојдат за да видат што треба да подобрат во своите техники и подготвеност. За нас е добро тоа што и Анѓела Мојсовска и Глигор Петков ќе бидат учесници на претстојниот турнир од светската карате лига кој ќе се одржи во Истанбул. Во Истанбул ќе испратиме шест сениори-ки од нашиот клуб“. - заврши Заборски. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“