18 Мај, 2024
0.0256

Трикови за симнување килограми: Ова е најдобрата и најефективната диета!

Објавено во: Стил 16 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Необични, но сепак применливи трикови може да се реализираат во кујната.

Ви се надвиснаа вишок килограми со кои се борите долго време? А да почнете со слабеењето одтаму, од каде и почнавте? Од вашата кујна! Ви донесуваме неколку мали, но необични трикови со чија помош лесно ќе се спасите од килограмите.

Сталени садови со слатки

Последното истражување покажало дека луѓето јадат речиси двојно повеќе чоколади и слатки од стаклени садови, отколку оние кои се во боја. Што да направите? Не мора да ги елиминирате садовите од стакло, доволно е да ги обложите со хартија во боја.

Боја на садови

Посегнувате подсвесно за црвени садови? Одлично! На добар пат сте за симнување на вишокот килограми. Имено, истражување од 2013 година потврдило дека учесниците јаделе помалку, кога јадењето им било служено на црвени чинии. Слично правило важи и за пијалок. Доколку го конзумирате од високи чаши, ќе внесувате помалку калории.

Во помало е послатко

Не само да би требало да водите сметка за бојата, туку и за големината на чиниите. Со помали чинии јадете помалку. На тој начин ќе го излажете умот, а воедено ќе бидете сити и секако што е најважно задоволни.

Прилагодете ја температурата на просторијата

Повеќе јадете ако ви ладно, покажале неколку истражувања. Едноставното решение лежи во загреаната просторија во која ќе јадете, и тоа дури за неколку степени повеќе од вообичаената температура.

И, за крај следи златното правило за секоја диета. Битно е да се јаде умерено, но најефективаната диета вели прекинете со јадење кога ви е најслатко и ќе го имате вистинскиот резултат.