ТРОШОЦИТЕ ПОГОЛЕМИ ОД ПЛАТАТА: Вработените во овој сектор едвај врзуваат крај со крај
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2017
22.912 денари изнсувала нето платата по вработен во август, заклучува Државниот завод за статистика.
Најголеми плати се земаат во воздухопловниот сектор, ИТ индустријата, фармацијата, финансиски дејности и телекомуникациите.
Меѓутоа, оние кои имаат најмали плати едвај го преживуваат месецот. Кожарската индустрија е прва на листата најниско платен сектор во државата. Вработените во оваа индустрија земаат 12 700 денари плата.
Не се подобри ниту текстилците. Статистиката кај нив бележи 13 452 денари плата во август.
На третото место е секторот рибарство и аквакултура каде платите се околу 13 526 денари.
На четврто место се најде индустријата на услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина каде платите се околу 14 000 и на петто место со најниска плата се производителите на мебел.
Во оваа гранка платите се околу 14 168 денари.
Во август пак синдикалната кошничка изнесувала 32.316 денари и истата покажува дека Македонците најмногу пари трошат за храна и сметки, а најмалку за здравјето и за посета на културни настани.
Оттука се поставува прашањето: Како оние со најниска плата да го истуркаат месецот кога трошоците се дупло поголеми од платите?