02 Мај, 2024
0.0288

ЦРНИ ПРОГНОЗИ: ММФ ги намали прогнозите на раст на економијата за 2015

Објавено во: Економија 10 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

ММФ ги намали прогнозите на раст на светската економија за 2015 година, додека во САД се предвидува раст од 3,6 одсто, што е за половина процент повеќе од претходните проекции на Меѓународниот монетарен фонд кој ги намали своите предвидувања за глобалниот економски раст за 2015.

Водечкиот економист на таа меѓународна финансиска институција, Оливије Бланшар изјавил дека светот е соочен со „силни вкрстени струи“. ММФ уште предвидува раст на светската економија од 3,5 одсто оваа година и за 3,7 одсто наредната, но и двете цифри се 0,3 проценти помалу од октомвриските предвидувања. ММФ исто така соопшти дека во САД, најголемата економија на светот, оваа година би требало да биде забележан раст од 3,6 одсто, што е половина процент повеќе од предвидувањата во октомври.

Истата агенција со седиште во Вашингтон наведува дека втората по големина светска економија, Кина би треабло да расте по стапка од 6,8 одсто во 2015, додека 18 членки на еврозоната и Јапонија едвај ќе забележат напредок.

ММФ исто така наведува дека еконимојата на Русија и централна и источна Европа ќе забележат негативна стапка на раст. Бланшар наведе дека остриот пад на цените на нафата им помогнал на економиите кои увезуваат нафта, но им нанесол штета на извозниците на нафта како Русија и Нигерија. Цената на нафтата паднала од 100 по барел во јуни под 50 долари.

Забавен раст на кинеската економија.

Кинеската економија рстеше по најниската стапка во последните 24 години а тој тренд, според очекувањата ќе продолжи во 2015.

Кинеската влада соопшти дека економијата во текот на 2014 година растела по стапка од 7,4 одсто што е нешто помалку од предвидените 7,5 одсто. Аналитичарите наведуваат дека тоа  не е така лоша стапка на економски раст земајќи го предвид прашањето на годината кога се издадени најмногу кредити без покритие и кога паднале клучните цени на недвижностите.

Се очекува вредноста на недвижностите и понатаму да паѓа во текот на 2015 што би можело да влијае на другите економски сектори. Светската банка наведува дека продолжувањето на забавениот економски тренд во Кина би можел да влијае на светските пазари, бидејќи би можел да анулира позитивен ефект на зголемени економски активности на пазарот на труд во САД и Велика Британија.

Можеби ќе ве интересира

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?