ТУРЦИ ГО ОСВОЈУВААТ ЈАДРАНОТ: Имаат и нова локација
Објавено во: Балкан 05 Октомври, 2017
Турската Догус група ги продолжува вложувањата на Јадранот.
Оваа компанија најмногу инвестира во хрватскиот туризам, во Далмација. Стотици милиони евра се вложени досега во Шибеник, Задар, Дубровник и Сплит.
Кај градоначалникот Андреј Крстуловиќ летово имаше посета од турска делегација.
Догус групата ја интересираат две локации, вила Далмација и хотел Белви.
Инаку Хрватска последниве години руши рекорди со бројот на туристи.