Добивај вести на Viber
НАТО нема да ја осуди турската интервенција во Сирија.
Алијансата нема намера да ја осуди воената операција бидејќи Турција е нејзин стратегиски член и партнер.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг одбива да ја осуди турската интервенција наведувајќи дека Анкара е загрижена за својата безбедност, меѓутоа призна дека постојат тензии во воениот пакт околу тоа прашање.
Во Брисел почна дводневен министерски состанок на земјите членки на НАТО, и тоа е првата средба од почнувањето на турската воена офанзива во Сирија.
Турскиот претседател Реџеп Таип
Ердоган се закани дека ако Курдите не се повлечат ќе бидат уништени.
Курдските сили почнале да се повлекуваат од областа во близина на турската граница во Сирија, кажа заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Вершињин.
Министерството за надворешни работи на Турција реагираше против денешната одлука на Европскиот парламент (ЕП) во врска со операцијата „Извор на мирот“, нагласувајќи дека целосно го одбива ставот на ЕП.