Турците покажаа дека Ердоган го сакаат како Султан
Објавено во: Свет 16 Април, 2017
Реџеп Таип Ердоган е на добар пат да реализира успешна кампања за новиот референдум во Турција со кој значително ќе му се зголемат ингеренциите на претседателот на државата со што целосно се менува политичкиот систем и поставеноста на извршната власт.
По преброени 70,86 отсто од гласачките ливчиња на референдумот во Турција, 54,80 отсто гласачи гласале „да“, јави турската телевизија НТВ.
Избирачката активност била околу 86 отсто.
Според Си-Ен-Ен Турк, против се 42,54 отсто од гласачите.
Најмногу „против“ гласале во северозападните и западните окрузи – Каркларели, Текирдаг, Чанаккале, Измир, Ајдин, Мугла и Денизли како и во Анталија, Мерсин и Адана.
За да се прифатат уставните реформи неопходно е занив да гласаат 50 плус еден отсто граѓани со право на глас. Според западни медиуми, можни се се уште измени на резултатите.