Туристичка атракција - тунел во сред град
Објавено во: Балкан 06 Мај, 2017
Во Ријека е отворен тунел во сред град долг 330 метри и тој е туристичка атракција.
Тој бил ископан во текот на Втората светска војна и служел како засолниште.
Тунелот го градела италијанската војска од 1939 до 1942 година и тој е широк 4 метри, а висок 2.5 метри.
Градот потроши 300.000 куни за да го адаптира тунелот, да го исчисти, осветли, да постави електрична инсталација и песок.
Тунелот секој ден од 9 до 21 часот е отворен за посетители.