Добивај вести на Viber
Градски паркинг ќе набавува 12 паркомати и 10 електромобили. Преку паркоматите ќе може да се плаќа паркинг во кеш, кога возачот нема картичка или пари за смс порака. Неколку паркомати веќе се поставени, а електромобилите ќе бидат наменети за изнајмување од страна на домашните и странски туристи.
Двете новини денеска беа изгласани ос советниците во град Скопје, а инвестицијата ќе чини 200 000 евра, пари кои трба да ги даде Јрадски паркинг.
На ова се спротивставија опозициските советници кои смтаат дека градот има систем кој добро функционира, па новините се трошење пари.
За електромобилите Градски паркинг ќе распише тендер, а иако првично било планирано да се потрошат 15 милиони денари за двата проекти, надлежните одлучиле да штедат па решиле да потрошат 100.000 евра за паркоматите, а останатите 9 милиони денари за електромобилите.