04 Мај, 2024
0.0249

ТУРСКА ОФАНЗИВА НА ЕВРОПА: Ердоган повика Турчинките на Западот да раѓаат по пет деца!

Објавено во: Балкан 17 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика Турците кои живеат во Европа намето по три да имаат по пет деца, порачувајќи и на милионската дијаспора дека е „иднината на Европа“, пренесе АФП.

Оваа агенција наведува дека Турција и Европа се во кавга бидејќи Германија и Холандија не им дозволиле на турските министри во тие земји да одржат митинзи за поддршка на проширувањето на претседателските овластувања на Ердоган, за кои државјаните на Турција ќе се изјаснат наредниот месец на референдум.

„Одовде можам да им кажам на моите граѓани, да им кажам на моите браќа и сестри во Европа...Школувајте ги децата во подобри училишта, осигурајте семејствата да ви живеат во подобар крај, возете подобри автомобили, живејте во подобри куќи. Имајте по пет деца, не по три. Вие сте иднината на Европа. Тоа е најдобар одговор на непристојноста која ја покажуваат кон вас, на непријателството, на неправдата“, рекол турскиот претседател.

АФП потсетува дека во Европа се населени околу 2,5 милиони државјани на Турција кои можат да гласаат на референдумот, а покрај нив милиони луѓе кои живеат во ЕУ имаат турски корени,

Ердоган кој има четири деца, претходно ги повика жените во Турција да раѓаат по најмалку три деца како би се зголемила популацијата.

Можеби ќе ве интересира

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

Белгија се приклучи на листата на коспонзори на резолуцијата за Сребреница

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО СОСЕДСТВОТО: Дождот создаде хаос, реката се излеа, луѓето и добитокот се евакуираат (ВИДЕО)

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ШОКАНТНИ СЦЕНИ ПРЕД „РИБНИКАР“ - и родителите на убиените деца пристигнаа

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни