Турската армија опколи град во кој наскоро ќе влезе
Објавено во: Балкан 10 Март, 2018
Турската армија и нејзините сојузнички бунтовнички групи го опколија северниот сириски град Африн и се приближуваат кон неговиот центар, изјави вчера претседателот Реџеп Таип Ердоган.
„Центарот на Африн сега е опколен и следи да влеземе. Ги отстрануваме последните пречки пред да влеземе во опколениот центар на Африн“- рече Ердоган.
Но, веднаш по изјавата таквиот пробив го негираше сириската курдска милиција.
Операцијата „Маслинова гранка“ во северна Сирија, Турција ја започна пред скоро седум недели за да ја потисне сириската курдска милиција ЈПГ.
Анкара смета дека ЈПГ е терористичка група и сојузник на Курдската работничка партија (ПКК), која во Турција е забранета.
Турските сили и нивните сојузници од Слободната сириска армија (ФСА) го презедоа блискиот град Џиндерес, објавија државните медиуми.
Тие објавија дека Турција сега надгледува пет од седумте населби на северозападната покраина Африн.
„Турција е помеѓу 10 и 15 километри од Африн“, изјави портпаролот на ЈПГ, и рече дека неколку региони за кои Турција тврди дека ја презеле контролата се уште се бојно поле.
Во својот говор, Ердоган најави дека ќе продолжат кон градот Манбиџ.
Турција е лута затоа што Соединетите Држави ги поддржуваат ЈПГ, кои биле клучен сојузник на САД во борбата против џихадистичката исламска држава.