05 Мај, 2024
0.0564

Реновирање на фабриката на Тутунски Комбинат Прилеп

ТУТУНСКИ КОМБИНАТ ПРИЛЕП СЕ РАЗВИВА ВО ВИСТИНСКИ ПРАВЕЦ

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Тутунски Комбинат Прилеп продолжува со процесот на модернизација и обновување на своите производствени капацитети. Во исто време, продолжува  и  со позитивните резултати во поглед на откуп на тутун од тутунопроизводителите во Прилепско и нивна навремена исплата. Ова е заклучокот од средбата помеѓу техничките тимови на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис.


“За првпат од кога е изградена фабриката започнуваме процес на реновирање на производствената хала од 5000 метри квадратни. Во истата хала, со помош на Филип Морис, веќе две години е започнат процес на модернизација на производството, а во моментов се инсталира и нова машина за производство на цигари со прогресивен формат. Потпишани се договори за откуп со 3500 фармери за откуп од околу 3 илјади тони на тутун. Бројките и активностите говорат дека се движиме напред и по неколку децении на проблеми, сега со помош на Филип Морис одиме во позитивен правец во создавање на ефикасна фабрика на задоволство на Прилеп и Македонија”, изјави Кирил Станковски, новиот Генерален директор на Тутунски Комбинат Прилеп.


Чекорите што беа преземени со потпишувањето на стратешкото партнерство помеѓу двете компании веќе почнаа да даваат позитивни резултати. Притоа, со подобрувањето на производствениот погон и инсталирањето на новата машина ќе се овозможи зголемување на капацитетот и обемот на производство на фабриката во Тутунски Комбинат Прилеп.


Согласно Договорот за стратешко партнерство на Филип Морис и Тутунски Комбинат Прилеп, Филип Морис ќе откупи до 2000 тони на тутун во зависност од цената и квалитетот. Овој договор за стратешко партнерство доведе до формирање на заедничка компанија ПМТКП која има за цел да се грижи за комерцијалниот аспект на производите, како и за развивање на стратегија. Резултатите покажуваат дека со знаењето и искуството на Филип Морис, како лидер во тутунска индустрија на светско ниво, значително ги подобрија капацитетите на Тутунски Комбинат Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ