Уапсен возачот на камионот кој усмрти 9 луѓе во Берлин
Објавено во: Свет 19 Декември, 2016
Полицијата во Берлин кратко соопшти дека го уапсила човекот кој е осомничен дека го возел камионот кој влета на Божиќен саем и притоа усмрти 9 луѓе, а повреди над 50.
Според првичните информации осомничениот е уапсен по долга полициска акција на потрага во голема област покрај Breitscheidplatz каде се случи нападот со тоа што сите приоди биле блокирани, а населението евакуирано. Засега не се соопштува неговиот идентитет, ниту пак кои се неговите мотиви.
Берлинскиот градоначалник Михаел Милер посочи дека полицијата ја има состојбата под контрола и повика граѓаните да останат во своите домови. Совозачот на камионот според информации на полицијата загинал на лице место.