Добивај вести на Viber
Лажно претставувајќи се како шефица во базата Бондстил 34 годишна жена од Скопје успеала да измами повеќе македонски државјани. Синоќа полицијата ја уапси „Генерал Мими“, која на измамените граѓани им ветувала вработувања во НАТО, но и и големи бизниси со преставништвата на НАТО Алијансата во регионот.
Засега полицијата не изнесува детали за случајот, нив ги најави за во попладневните часови.
Според првичните информации, „Генерал Мими“ измамила поголем број граѓани ветувајќи им добро вработување и големи плати. Од нив уапсената за возврат барала илјадници евра како награда за услугата.
Како жртва на измамата на „Генерал Мими“ се претпоставува дека се нашол и познат скопски бизнисмен.