18 Мај, 2024
0.0314

Уапсени арачиновци за пустошење шума

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

МВР информира дека се риведени девет лица поради пустошење на шуми во атар на село Брест.

„На 02.11.2022 околу 09.00 часот во атарот на с.Брест, скопско, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и Единицата за брзо распоредување при МВР ги лишиле од слобода А.Ј.(20) од с.Арачиново, А.А.(21) од с. Арачиново, С.А.(52) од с.Чучер Сандево, Р.Ј.(23) од Скопје, Н.А.(23) од с.Чучер Сандево, С.С.(28) од с.Арачиново, Ј.А.(20) од с.Чучер Сандево, Х.А.(29) од с.Арачиново и Г.С.(28) од с.Арачиново“, објави полицијата.

Приведени се за кривично дело „пустошење на шума“, при што од нив биле одземени трактор без регистарски таблички, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки натоварено со околу 11 кубни метри огревни дрва, неколку моторни пили и секири.

Исто така, во истото време на место викано „Раштански бачила“, по преземени мерки, полициски службеници пронашле три товарни моторни возила, два трактори и др., натоварени со околу 43 кубни метри огревни дрва.

Одземените предмети биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8