Уапсија Мароканец во Австрија, планирал атентат
Објавено во: Свет 20 Декември, 2016
Во бегалски кварт во гратчето Фулш ам Зее во Австрија синоќа е уапсен 25-годишен Мароканец, кој планирал атентат на Нова година, соопштува derstandart.at.
Во операцијата учествувале единицата за борба против тероризмот „Кобра" и контраразузнавач. Извршен е претрес во куќата на уапсениот бегалец.
При претресот се пронајдени електронски уреди за складирање на податоци, 8100 евра и дрога.
„Работиме на случајот, уште немаме јасност за детали околу планираниот атентат"-коментира портпаролот на полицијата во провинцијата Салцбург, Михаел Рауш.
Според непотврдени податоци на австриската телевизија ОRF, Мароканецот е поврзан со терористичката група „Исламска држава".