Убиена новинарка која ја објави веста за Панама пејпрс
Објавено во: Свет 16 Октомври, 2017
Контроверзната новинарка, Дафне Каруана Галиција е убиена денеска со експлозија во нејзиниот автомобил, објавија светските медими. Возилото распарчено на неколку делови е пронајдено во Биндија.
Моќната експлозија e пријавена во полиција неколку минути по 15 часот. Засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата. Полицијата информираше дека на местото на настанот е пронајдено телото на возачот на автомобилот пежо, но дека тоа е распарчено и допрва треба да се идентификува. Новинарката Каруана претходно пријавила дека добива закани.
Последната информација што новинарката ја објавила на својот блог е критика за премиерот на Малта.
Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, кој побара целосно расвлетлување на случајот.
„Нема да останам мирен додека не биде задоволена правдата. Во оваа земја секој може слободно да каже и да напише сѐ“ - изјави Мускат.
Минатата година Каруана е оквалификувана како една од "28-те луѓе кои ја тресат Европа", откако први ја објавија веста за Панама пејпрс, споменувајќи вмешаност и на компанија која била во сопственост на Мишел Мускат, сопругата на премиерот на Малта. Аферата имаше светски одек, затоа што во неа се тврдеше дека се вмешани светски лидери.