26 Април, 2024
0.0282

Учениците од ОУ "Песталоци" во посета на лабораторијата на ЈП Водовод и канализација - Скопје

Објавено во: Мои пари 13 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

На едукативна посета во лабораторијата на ЈП Водовод и канализација - Скопје, околу 100 ученици од ОУ "Песталоци" на возраст од 7 до 8 години, одблиску имаа можност да се запознаат со функционирањето на претпријатието. За време на посетата, тимот од лабораторијата преку интересна презентација, ги едуцираа најмладите за значењето на водата, како истата се прочистува и пристига до нивниот дом.

Скопската вода е една од најквалитетните води во цела Европа. Ова е важен податок со кој треба да бидат запознаени сите граѓани, секако и најмалите.  Децата се нашето најголемо богатство и токму поради тоа  уживав во секој момент од едукативната посета. Овој настан имаше за цел да им го развесели секојдневието на учениците и притоа на интересен и едноставен начин да ги едуцира за значењето на водата. Водата која што ја пиеме во Скопје е беспрекорно чиста и здрава, и на истата секојдневно се прават анализи. Сега веќе овие ученици се запознаени за процесот како водата се испорачува до нивниот дом, изјави Генералниот директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, г-дин Душко Весковски кој присуствуваше на настанот.

 Учениците со големо љубопитство ја разгледаа лабораторијата и поставуваа голем број прашања. А претставниците од ЈП Водовод и канализација – Скопје, најавија дека и во иднина ќе продолжат да спроведуваат ваков тип на едукативни настани посветени за најмладите.



Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“