08 Мај, 2024
0.0249

УЧЕСТВО НА АНЃУШЕВ ВО СОВЕТОТ НА ФИНАНСИИ - ССК прашува зошто и тие не биле повикани

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Фискалниот совет во Министерството за финансии, во кој членува и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, или прецизно Советот за фискални мерки за справување со економските последици од КОВИД-19, ниту носи мерки, ниту предлага уредби до Владата.

Ова за Фактор го објаснуваат од Министерството за финансии.

 „Советот за фискални мерки за справување со економските последици од КОВИД-19, е основан од почетокот на кризата и целта на овој совет не е да носи мерки, туку да понуди инклузивност и размена на искуства. Значи, овој совет не носи мерки, ниту уредби, ниту предлага уредби и мерки до владата“, велат од Финансии.

Оттаму додаваат дека во Советот членуваат претставници на експертската јавност, на бизнис заедницата, поранешни и сегашни функционери со искуство во областа. Во советот се поранешниот вицепремиер за економски прашања Анѓушев кој има големо искуство во бизнис сферата и економијата, Никица Мојсовска-Блажевска, директорката на Македонија 2025, дополнителната заменик министерка за финансии Кочоска, поранешниот министер за финансии Славески, повеќе универзитетски професори итн. 

„Членовите на советот не добиваат надоместок за својот ангажман“, децидни се од Финансии.

Што се однесува до користењето на мерките од страна на компаниите, дополнуваат од Финансии, мерката важи еднакво за сите и нема простор за било каква селективност. 

„Целта на мерката е да се задржат работните места и да се помогне на компаниите кои се соочуваат со ликвидносни проблеми. Секоја компанија која ги исполнува предвидените критериуми, меѓу кои да има поголем пад на приходите од 30 отсто во месецот во кој аплицира, има право да ја добие финансиската поддршка за оние вработени за кои ги исполнува условите. Наша цел е со мерката да го заштитиме секое работно место. Не смееме да биде селективни. Мерката за финансика поддршка на работодавачите од 14.500 денари по вработен има за цел да задржи работни места - и во големи и во мали фирми, бидејќи ризикот во ваква криза за губење на работните места постои кај сите. Ова не е мерка за богатење. За плати над 39.900 денари, односно една и пол месечна плата, не се исплаќа финансиска помош. Понатаму токму за да се направи дистинкција помеќу големите и малите фирми - големите фирми ќе ја враќаат помошта, малите фирми - не мораат да ја враќаат...“, се вели во одговорот од Министерството за финансии.

Ова следува откако Телевизија 24 објави дека Кочо Анѓушев е член на Советот за фискални мерки за Ковид19, советодавно тело на министерката за финансии Нина Ангеловска. 

„Поранешниот вицепремиер замина од Владата во јануари, а неговиот ангажман во министерството почнува од април – во време кога се кроеја мерките за справување со Ковид кризата, кога биле одржани неколку состаноци на ова советодавно тело“, пишува телевизијата, и ја пренесува неговата изјава дека тој во Советот е како претставник на Стопанската комора, а не може да влијае врз одлуките за економски мерки, зашто тие се носат во Владата, каде тој не е член. 

„Дополнително што во фискалниот совет има и претходни министри од владата на ВМРО-ДПМНЕ, што значи дека сигурно немам влијание. Надлежните кои ме поканиле и кои ме назначиле ценат дека можам да допринесам во дискусијата каде ги преставувам ставовите на членките на комората“, изјавил Анѓушев.

А на информацијата за учество на Анѓушев во советот денеска реагира претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, која е смета дека е дискриминација тоа што претставник на нивната комора не е повикан во тоа тело. 

Зошто е важно во советодавните тела на Министерство за финансии да има претставници од сите релевантни комори, а не само на една комора:

Прво, ако Анѓушев станал член на Советот за фискални мерки во Министерството, според негова изјава за национален медиум, на покана на министерката Нина Ангеловска, како претставник на Стопанската комора да ги претставува ставовите на таа комора, тоа е чиста селективност и дискриминација. Сојузот на стопански комори на Македонија и другите комори немаат добиено таква покана и им е скратена можноста директно да придонесат за подобри мерки за спас на економијата. Второ, министерката вчера по неколку обиди да даде јасен одговор како Анѓушев станал член на ова тело, ја демантираше неговата изјава и рече дека тој во советот е поканет како експерт и бизнисмен, а не како претставник на комора. И во двата случаи, тој е единствениот таков “експерт" олигарх во тоа тело избран од министерката, со што му е дадена единствена можност да учествува во креирањето на политиките и предлог-мерки за финансиска помош и спас, застапувајќи ставови на олигархијатаМалите претпријатија се најбројни и немаат милиони, ниту исти можности како олигарсите, и затоа е круцијално да постојат нивни претставници во советодавните тела, кои ќе овозможат еднакво и рамноправно да се слушне и нивниот глас во креирањето на политиките“, пишува претседателката на ССК, Арсовска.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување