Учеството на оглас на СДСМ го искористи и за промоција на книга
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2019
Огласот на СДСМ за избор на кандидат за претседател на Македонија, а поранешниот амабасадор Ѓорѓи Филипов вели дека можеби тој е единствениот пријавен до сега, бидејќи не разбрал дали има уште некој друг што евентуално се пријавил.
– Во процедурата стоеше дека основните организации ќе може да пријавуваат и дека нивниот рок е малку подолг од оние што сами сакаат да се кандидираат. Јас се чувствував доволно спремен тоа да го направам сам. Би ми било драго доколку и од основните организации постои предлог. Подготвив една програма, нејзини цртички презентирав и јавно кажав на што ќе работам. За деталите ќе соопштам, ако воопшто бидам одбран, ако не јас и понатаму ќе работам во интерес на љубовта, на толеранцијата, на соживотот и за напредок во секој поглед без разлика дали ќе бидам кандидат на овие избори или нема да бидам. Нормално, подобро е да бидам зошто ќе имам поголема можност нешто навистина да направам – изјави Филипов.
Ова го изјави на промоцијата на неговата нова книга „Воздигање над облаци” која се совпадна со текот на неговата кандидатура. На новинарско прашање дали го злоупотребил учеството на огласот на СДСМ за да го промовира делото, тој наведе дека три години не објавил ништо и сега дошло време да се издадат насобраните материјали.
Ѓорѓи Филипов е доктор по технолошки науки. Дипломирал на Машинскиот факултет при УКИМ во Скопје во 1981 година, а докторирал 1998 година на истиот Универзитет. Беше амбасадор на Македонија во Германија (2005-2010) и Австрија (2010-2014).
Во меќувреме продолжуваат преговорите на премиерот Зоран Заев за консензуален кандидат за шеф на државата. по средбите со лидерите на ДУИ, ДПА и „Алтернатива“, денес на агендата е состанок со Билал Касами од Беса. Вчера средбата ја откажа Зијадин Села од Алијанса на Албанците.