06 Мај, 2024
0.0241

УГОСТИТЕЛИТЕ ПРЕСМЕТАЛЕ - поради новите рестрикции ќе изгубиме од 18 до 22 милиони евра

Објавено во: Економија 15 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

„Ги почитуваме сите одлуки и препораки што Комисијата за заразни болести ги носи во име на јавното здравје и ги потсетуваме Владата и Претседателот на Влада заедно со Министерствата за финансии и економија дека со моментот на нивното донесување веднаш да донесат нов сет директни мерки за угостителите со кои ќе помогнат да се надоместат загубите и штетите во случај на денешно усвојување на овие предлог рестриктивни мерки“, се вели во соопштението од Независната угостителска комора.

Оттаму велат дека вчерашните заеднички барања на Независната угостителска комора со здруженијата ЕСНАФ од Битола, ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, БИСЕР од Куманово, ЗУТ КРУШЕВО од Крушево, АНТИГОНЕА од Неготино и ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид и очекувањата на сите реномирани членки - угостители здружени во овие здруженија со илјадниците угостителски работници вработени кај нив очигледно дека не беа разгледани ниту дискутирани на состанокот на Комисијата за заразни болести.

„Како реномирани македонски угостители не ни останува ништо друго освен во моментов максимално да ги почитуваме одлуките и препоракати што Комисијата за заразни болести ги даде во интерес на јавното здравје. Сакаме да напоменеме дека како што е обврската на Министерот за здравство Венко Филипче да делува во интерес и заштита на здравјето на граѓаните, на Независната угостителска комора и останатите здруженија е исто така обврска да ги заштитат интересите и здравјето на сите угостители и угостителски работници кои се погодени од одлуките и мерките кои се носат во име на пандемијата Ковид-19“, пишуваат од НУК.

Нивното внимание, како што нагласуваат, денеска ќе биде насочено кон закажаната седница на Владата, на која треба овие одлуки да бидат разгледани и усвоени. 

„Очекуваме и се надеваме дека денес Владата и претседателот на Владата при одлучувањето и дискусиите за оправданоста на усвојување на овие одлуки ќе ги земе предвид загубите и штетите што ќе бидат дополнително направени со нивното усвојување, и за истите во дискусиите да предложат и донесат и одлуки за соодветно обештетување на сите оние угостители кои поради ускратувањето на можноста за работа им е направена ненадоместива загуба и штета.

Спрема нашите груби првични економски процени новата рестриктивна мерка на угостителите ќе донесе директни загуби односно штета во висина од 18 до 22 милиони евра во угостителската индустрија кои доколку Владата не интервенира на време ќе мора угостителите самостојно да бараат начини да ја покријат и покрај тоа што нема да бидат во можност да работат.

Новата одлука ќе примора дел од угостителите да направат повторно рационализација на трошоците, особено во делот на вработените, со исклучок на оние што успеале да користат субвенции за плати кои се приморани да ги задржат своите вработени и во наредните 2 месеци, и покрај тоа што нема да можат да работат односно нема да имаат услови да обезбедат работа и остварување на приходи.

За крај ги прашуваме дали серозно и навистина министерот Венко Филипче и членовите на Комисијата за заразни болести сметаат дека само со селективни рестриктивни пораки наменети за угостителската индустрија ќе придонесат во грижата за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните или можеби треба малку да прошетаат по улиците низ градовите, трговските центри и да видат колку во останатите индустрии се погрижија со соодветни препораки и протоколи реално да допринесат во интересот и заштита на здравјето на граѓаните“, се вели во соопштението од Независната угостителска комора.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот