26 Април, 2024
0.0279

Улица „Македонија“ е поблиску да го заслужи епитетот „Петта авенија“: „Божиновски часовници и накит“ со нов бутик салон кој доликува на светските метрополи

Објавено во: Мои пари 20 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Улица „Македонија“ е поблиску да го заслужи епитетот „Петта авенија“, благодарение на новиот бутик салон на „Божиновски часовници и накит“, кој блесна со својот нов уникатен, свеж и луксузен изглед, подарувајќи му на Скопје место за патувачи и сонувачи на ниво на светските метрополи.

„Новиот бутик салон со својата отвореност кон пешачката патека е концепиран на тој начин да биде целосно компактен со опкружувањето, на тој начин збогатувајќи го централното јадро на Скопје со амбиент кој што доликува на светските метрополи“, објаснуваат од Божиновски часовници и накит.

Од Божиновски нагласуваат дека при создавањето на овој нов концептуален простор, не се воделе од тоа само да создадат импресивна презентација на познатите брендови кои ги застапуваат, туку во целиот процес од особена важност им била и креирањето на целосна уникатна приказна за посетителите, нудејќи им безвременско патување низ светот на прецизната механика и бесценетите дизајни на накит. Воедно, тука излозите не се повеќе презентациски простори туку сцена која се адаптира и трансформира создавајќи простор за  интеракција со минувачите и набљудувачите, мамејќи ги да се задржат и влезат во овој магичен свет измамувајќи им насмевка или воздишка.

„Преку чистината на просторот, целта ни беше да ја надминеме границата на класична продажба и на посетителите да им понудиме сосема нова димензија и искуство при посетата на бутикот. Во музејски амбиент, посетителите имаат можност детално да се запознаат со брендовите, да се вљубат во пасијата со која истите се создавани и да ги откријат тајните на механизмите и високата естетика, од високо обучениот и посветен продажен персонал“, објаснуваат од Божновски.

Прошетката започнува од врвната OmegaиTag Heuer, преку Longiness, Hamilton, Tissot, Calvin Klein и Breitling, сите гравитирајќи околу уникатниот Swatch центар, раскажувајќи ја вековната историја на швајцарската часовничарска индустрија.

Дополнителна мистичност на целиот простор и неговата приказна му дава и изложбениот дел на сервисот, збогатен со историски парчиња на мебел и алат, кои во целиот амбиент му овозможува на посетителот да заборави на постоењето на времето. Во автентичниот сервис посетителите ќе имаат можност детално да се запознаат со тајните механизми на познатите швајцарски часовници.

„Круната на новиот простор, на што сме особено горди е најновиот бренд, овој пат во сегментот на накит кој пак доаѓа буквално од татковината на најсофистицираните дизајни - Италија и тоа совршено се вклопува во приказната која заедно со нашите клиенти ја градиме изминативе децении. Станува збор за луксузниот бренд за накит - Damiani, кој сметаме дека е вистинско збогатување на центарот на Скопје, но и на нашиот пазар и веруваме дека ќе ги освои сите љубители на врвната естетика и дизајн“, велат од Божиновски часовници и накит.

Но нештата треба да се доживеат со сите сетила, нели?

Затоа од Божиновски Ве покануваат во следните неколку денови да им се придружите на безвременско патување. Посетете го нивниот бутик на ул. Македонија и почувствувајте го нивниот универзум. Специјално за нивните посетители во периодот од 21 – 26 октомври врвните швајцарски часовници и италијански накит ќе може да се купат со 20% пониска цена специјално само за ова нивно заедничко патување и само тука.

* ПР - објава

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”