26 Април, 2024
0.0319

“УНИБанка” ја исплати првата камата на инвеститорите во перпетуална обврзница

Објавено во: Мои пари 23 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

“УНИБанкаја исплати полугодишната камата на сопствениците на перпетуални обврзници, со ISIN MKBLBA200011 и шифра на UNIPO. Исплатата на каматa се изврши вчера.

Право на исплата на камата имаа сите лица, регистрирани како сопственици на перпетуални обврзници во Централниот депозитар на хартии од вредност, на 21.07.2019 г.

„УНИБанка” изврши емисија на перпетуални обврзници со вкупна номинална вредност од 5 милиони евра по пат на приватна понуда, во јануари оваа година. Емисијата е без рок на доспевање, а каматната стапка е фиксна,  9% на годишна основа за првите пет години и се зголемува на 11% по завршување на овој рок.Банката го издаде хибридниот капитален инструмент, познат како перпетуална обврзница со цел да го зголеми својот основен капитал.

Новиот капитален инструмент на „УНИБанка” беше издаден по цена од 1.000 евра за обврзница и е првиот ваков производ на македонскиот финансиски пазар. Перпетуалната обврзница, претставува инструмент за хибридно финансирање, којшто ги обединува карактеристиките на акција и на обврзница и се исплаќа камата на инвеститорите два пати годишно. Перпетуалната обврзница котира на официјалниот пазар на Македонска берза и со истата може да се тргува.

За повеќе информации:http://www.unibank.mk/files/attachments/Prospekt.pdf


Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“