УНИБанка со промоција на новата Mastercard дебитна картичка за млади
Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2019
Промоцијата на новата Мастеркард дебитна картичка за млади на УНИБанка, доаѓа со модерен дизајн и пакет на многубројни бесплатни услуги. Имателите на оваа картичка може да добијат и бесплатен бесконтактен стикер кој се лепи на мобилниот телефон со кој може да се прават трансакции без воопшто да се носи паричник.
Бесконтактниот стикер на УНИБанка е една од најновите технологии и форми на средствата за плаќање.. Со него клиентите добиваат квалитетна и брза услуга без да носат готовина и без да воведуваат ПИН при плаќања до 750 денари. Едноставно е, само треба да се залепи стикер картичката на мобилниот телефон, да се доближи до ПОС терминалот и плаќањето е завршено.
Новиот продукт нуди и бесплатно електронско и мобилно банкарство, како и бесплатна СМС услуга за првите шест месеци од издавање на картичката и е идеално за секојдневна употреба, без дополнителна грижа за паричникот.
За повеќе информации: http://unibank.mk/categories/view/984