Упад во бегалски камп во Германија, која е целта?
Објавено во: Свет 20 Декември, 2016
Припадници на германската полиција упаднаа во 4 часот утрово во бегалски центар, откако мигрант со камион удри на божиќен базар во Берлин во толпа и загинаа 12 лица.
Утврдено е дека мажот, кој го возел камионот, бил сместен во кампот, откако пристигнал како бегалец од Пакистан во Берлин на почетокот на февруари оваа година. Тој помина низ „Балкански пат" на имигрантите, кој почнува од Турција, минува низ Грција, Македонија, Србија, Унгарија, Австрија и стигнува до Германија.
Самиот возач е фатен вчера по еден час од инцидентот. Апсењето беше на околу 2 км од местото на инцидентот.
Денеска се очекува прес-конференција на полицијата во Берлин, на која ќе стане јасно што точно се случило и ќе се потврди идентитетот на возачот.
Засега се знае дека телото на вториот човек, пронајдено во кабината, е на Полјак - вистинскиот возач на камион. Не се знае дали умрел за време на нападот или веќе бил мртов.
Самиот камион бил со полска регистрација и е украден од место каде требало да го растовари градежниот материјал.