04 Август, 2020
0.0215

Управување на квалитетот на животната средина

Објавено во: Колумни 30 Јануари, 2020

Управување на квалитетот на животната средина е непосредно зависно од нејзината заштита. Настојувањето управувањето да се унифицира во Светска рамка најде одраз во разработка и ширење на серијата од стандарди ИСО-14000. Приклучувањето на Македонија  кон светската економија која е нераскинлива со екологијата, бара неодложно прилагодување на стандардите за управување на квалитетот на животната средина напоредно со серијата стандарди за управување на квалитетот од серијата ИСО-9000. Заедничкото на тие два стандарди е дека имаат слична структура, претставуваат одреден инструмент за управување на квалитетот, во случајот на производи и животната средина, постои идентичност на формулацијата во двата стандарди, но покрај таа подобност, двата стандарди се применуваат одделно бидејќи: зависи кој објект е предмет на истражувањето, на производи или животната средина, односно различен е објектот на управување; системот за управување на квалитетот е упатен кон потршувачот, а за управувањето на животната средина кон нејзината заштита; животната средина е фактор кој придонесува за производство на производи со различен квалитет; кај управувањето на квалитетот има едни и исти поими потчинети на еднакви цели, додека кај животната средина едни и исти поими служат за различни цели.

  Многу важен момент за успешна примена на системот на управување на животната средина содржани во меѓународните стандарди ИСО-14000, е изработка на програма. Во неа се истакнуваат целите и задачите што треба да се постигнат како и роковите и одговорност на нивно извршување. Програмата опфаќа: планирање, проектирање, користење на суровините, материјалите, производните процеси и др.

 За олеснување на практичните работи кај примената на Меѓународните стадарди од групата ИСО-14000 за управување на животната средина треба да се обрне внимание на следниот поважен момент: да се направи комплетна анализа на производната дејност на претпријатието; да се проверат изворите на документација за животната средина; одговорноста да ја преземат највисоките раководни органи и останатите службеници, а секој да ја знае својата одговорност; се мери микроклимата во работните простории; се утврдуваат показателите за состојбата на воздухот, на почвата и водата – нивниот степен на загаденост и слично; заштитетност од пожар на суровините и магацините; управувањето на ризиците – составување на план за заштита во случај на хаварии; спроведување на обука во врска со управувањето на животната средина.

  Заедничката примена на системите за управување на квалитетот на производството и на животната средина во еден интегриран систем е нејцелисходно, бидејќи се намалуваат трошоците и ја прави поефективна. Сличен систем за тотално управување на квалитетот се применува во Јапонија.

Глобален карактер на еколошката криза. Природните процеси не се потчинуваат на географски граници. Во принцип тие имаат глобален радиус на влијание и делување. Појавените пред човештвото проблеми кон крајот на дваесетиот век заедно со екологијата имаат глобален карактер, односно ги погодуваат интересите на целото светско општество. Глобалниот карактер на еколошки проблем се изразува уште и во зголемената зависност помеѓу екологијата и економијата. Тие скоро да се преливаат и взаемно многу силно се одразуваат на локално, регионално и глобално ниво. Со сегашниот интензивен светски развој, ниедна земја колку и да е голема не е во состојба целосно и успешно да ги реши прашањата за заштита на животната средина, да води успешна борба со негативните последици од антропогеното влијание  врз природата, да ја чува атмосферата од глобален аспект, да ги чува и одржува чисти реките, морското крајбрежје итн. Тоа е уште поважно за малите земји како Македонија.

  Демографската експлозија на населението и проблемите во врска со тоа го менуваат взаемниот однос помеѓу човекот и природата. Настана безобзирна  експлоатација и несоодветен однос кон природат како животна средина и потребен природен потенцијал за развој и опстанок на општеството. Како последица на тоа се појави и современата еколошка криза. Со воведувањето на еколошки ограничувања на хемизацијата, наводнувањето, механизацијата и друго, обемот на производството требаше да се задржи. Но кога таа тенденција уште не е факт, населението во земјите во развој (кое е 2/3 од свестското население) е неисхрането и гладува. Како резултат на тоа, истото е со намалена издржливост кон болести и со намалена работоспособност. Во тие земји годишно умираат по околу 25 милиони души, а половината од нив се деца.

  Со забрзано темпо, непознато во досегашниот развој на природата, исчезнуваат многу животински и растителни видови.

  Глобалниот општочовечки карактер на непрекинато ширење на еколошка криза налага да се бараат заеднични патишта на обедување на усилбите на човештвото на нејзино надминување. Во центарот на дилемата “развој или деградација” на планетата е човечкиот разум. Разумот веќе создаде голем број научни решенија за спас на планетата.

  Искуството во развиените земји се состои во производство на еколошки (органски) производи во специјализирани биолошки (органски) фарми или во обичните фарми каде фармерите се условени да применуваат ограничено користење на минерални ѓубрива и растителни заштитни препарати, ограничено држење на број условени грла од 1 ха. Воведени се и строги барања во однос на складирањето на арското ѓубре, фиксирани се стриктно периодите на време во годината кога е дозволена неговата примена. Се контролира содржината на азот со крмивата, (добиточна храна) се воведуваат мерки на грижа за животните и слично.

  Со помош на научни истражувања, определени се точно количински прагови на штети од плевели и штетници и само во крајни случаи се применуваат третирања со хемиски препарати.

За борба со болестите на растенијата се применуваат соодветни плодореди и се создаваат сорти отпорни на болести и штетници. Во развиените земји одамна се користат биолошки метод како инструмент за борба со штетниците на културите. Тој метод е насочен кон создавање на таква средина во која штетниците неможат масовно да се размножуваат. Заштитата на природната средина  според екологистот мора да се остварува со таканаречениот систем за одржлив развој, што претставува потреба да се заштити природата на идните генерации. Одржлив земјоделски систем е тој кој што е еколошки соодветен, високо продуктивен, економски ефектен и ги стимулира социјалните вредности за земјоделците. Во праксата тоа значи, дека таму каде што природната средина е загрозена неопходно е да се води активна заштитна дејност. Таа заштита е елемент од заштитата на животната средина, што има глобален карактер и потреба од глобални трошоци.


Проф.Д-р. Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Лукашенко за претседател ќе се бори со жена, ако претходно не ја затвори

Лукашенко за претседател ќе се бори со жена, ако претходно не ја затвори

Универзална

Универзална

Македонски пратеници го чекаат својот „муштерија“ пред МТВ!

Македонски пратеници го чекаат својот „муштерија“ пред МТВ!

Битиќи vs Лазаров: Повисок ДДВ, нов ребаланс, како ќе не „удрат“ дознаките

Битиќи vs Лазаров: Повисок ДДВ, нов ребаланс, како ќе не „удрат“ дознаките

Со брезови метли избришано

Со брезови метли избришано

Нова шанса за мир во Украина

Нова шанса за мир во Украина