03 Мај, 2024
0.0275

УШТЕ ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ БИДЕМЕ ЗАТВОРЕНИ - во нормала постепено од први мај

Објавено во: Македонија 18 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Владата подготвува сериозен план, по првомајските празници да започне процесот за враќање на нормализација на животот на граѓаните, изјави денеска на видеосесија посветена на КОВИД-19 премиерот Оливер Спасовски.

Но, тој процес, како што велат сите владини претставници, нема да биде воспоставен веднаш, туку постепено ќе се донесат насоки за чекорите, полека и сигурно да се врати нормалниот тек на живот во нашата земја.

Тоа го нагласи и министерот за здравство, Венко Филипче.

„Сметам дека овие мерки ќе дадат позитивни резултати и во наредниот период, и ќе придонесат на почетокот на мај, бројот на новодијагностицирани пациенти ќе се намалува и ќе бидеме во ситуација рестриктивните мерки да ги попуштаме“, рече Филипче.

Тој информираше дека на состанокот со претставници на Светската здравствена информација (СЗО), каде присуствувале над 150 земји и каде е констатирано дека сите земји од светот се соочуваат со ваков предизвик, донесен е заеднички заклучок дека оваа болест ќе донесе трајни промени не само во организацијата на животот, туку и промени во здравствените системи.

„Ќе биде ова период каде ќе треба да се одделат здравствените институции, едни само за третман со коронавирус, други за пациенти кои се негативни. Сето ова бара реорганизација, која ние веќе ја започнавме. Тоа значи матичните лекари да преземаат повеќе обврски, а болничките капацитети да се празни. Веќе сме спремни, да одиме во следната фаза, кога ќе се попуштаат рестриктивните мерки за ограничување на движење за да го издржиме и секундарниот удар на здравствениот систем“, рече Филипче. Тој упати апел до граѓаните дека најдобро е да се седи дома сега во овој период, за да како што истакна, по рестриктивните мерки, подоцна, за две недели, да може да се враќа животот во нормала.

„Нема да биде исто, ќе треба да се одржува физичка дистанца и во рестораните и во фабричките капацитети и кај патниците кои ќе патуваат во автобусите. Секаде во светот ќе биде исто“, заклучи министерот Филипче, кој рече дека сите мерки ќе продолжат да донесуваат позитивни резултати за успешно справување со кризата од коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра