Уште еден Косовец „падна“ во Сирија
Објавено во: Балкан 22 Декември, 2017
Албанец од Косово, кој се борел за орагнизацијата „Исламска држава“ (ИД), е убиен во Сирија.
Се работи за лице од селото Палабард во општина Ѓаковица, чие семејство ја потврдило веста. Засега не се знае точна кога тој заминал за Сирија и местото каде што е убиен.
Во Сирија загинаа државјани на Албанија, Косово, Македонија, но и БиХ.