Уште еден силен потрес од 5.7 степени ја погоди Фукушима
Објавено во: Свет 22 Ноември, 2016
Областа на Фукушима претрпе уште еден доста силен земјотрес со магнитуда од 5.7 степени според Рихтеровата скала кој овој пат бил поблиску до брегот на длабочина од 10 километри.
Вчерашниот силен земјотрес од 7.3 степени кој предизвика и мало цунами беше на поголема далечина од брегот во самиот океан, па токму и затоа последиците се помали. При тоа дојде до краток прекин на системот за ладење на еден од реакторите на нуклераната централа кој во рок од 90 минути бил вратен во функција без поголема опасност.
Инаку за потсетување токму во Фукушима се случил голема нуклеарна хаварија откако беше пробиен еден реактор по силен земјотрес и цунами со што се рашири голема радијација.