Добивај вести на Viber
Холандија стана уште една земја која го загуби највисокиот можен кредитен рејтинг ААА . Очекувањата за слаб економски раст во земјата доведоа до намалување на нејзиниот долгорочен кредитен рејтинг од Standard & Poor's .
Перспективата останува стабилна .
" Изгледите за раст на Холандија веќе се послаби од нашите претходни очекувања и тенденцијата е за помал раст на реалниот бруто домашен производ по глава на жител од другите земји со истото високо ниво на економски развој " , соопшти агенцијата.
Така, само 10 земји во светот , од кои седум во Европа , го задржуваат највисокиот рејтинг од тројно А и од трите големи рејтинг агенции . Тоа се Шведска , Норвешка , Данска , Швајцарија , Австралија , Канада и Сингапур , додека, пак, рејтинзите на Германија , Луксембург и Финска се со негативна перспектива.