12 Мај, 2024
0.0247

Уште нема пари од имотот на Даравелски и Сејдиу, а не пак од „бомбите“

Објавено во: Економија 02 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Фатон Асани, директорот на агенцијата за управување со одземен имот, за Телма изјави дека се уште не е парично реализирана конфискацијата на имотот на поранешниот директор на царинската управба Драган Даравелски и тутунскиот бос Бајруш Сејдиу, а не пак од случаите од „бомбите“ чии пари актуелната власт подолго време најавува дека ќе ги врати во буџетот и ќе ги впише на бројчаникот на „Порта Македонија“.

- Не зависи само од нас, туку и од постапките во самите судови, каде што се одвиваат процесите. Таму има случај за замрзнат имот од 17 милиони евра, но не е завршен до крај - изјави Асани.

Додаде дека од 45 вработени во агенцијата, 27-мина биле чувари на депоата.

Во случајот „Труст“ конфискацијата на имотот на „Трансмет“ е веќе завршена. Досега е замрзнат имот во вредност од 459.952.842 денари и движен имот од 427.138.000 денари. СЈО сака остатокот од вредноста за обештетување на државата да ја надополни со вредност на имотот на РИК „Силекс“.

СЈО во случајот „Талир“ го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ во вредност од 17.500.000 евра, во кои најголема вредност има партиското седиште во Скопје. Или вкупно под мраз се куќи, станови, деловен простор во вредност од 17 милиони и 500-тини илјади евра.

Истовремено, пари вратија новинарката Ивова Талевска за неплатен данок и екс-градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, за тендер за мост.

Можеби ќе ве интересира

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска