06 Август, 2020
0.0271

Уште пред да влезе во сила, Законот за пазарџии заврши „неславно“

Објавено во: Економија 11 Декември, 2019

По неколку месечни натегања, надлежните го повлекуваат законот за пазарџиите.

Организаторите на пазари бараа да се укине законот за трговија на зелените пазари образложувајќи дека овој закон им наметнува давачки кои ги нема во Европската унија, и дека дополнително ќе влијае на пад на прометот на зелените пазари, како и на намалување на бројот на пазарџиите.

Овој закон требаше да влезе на сила од јануари следната година, но очигледно заврши неславно уште пред да влезе во сила бидејќи на последната владина седница се одлучи законот да биде укинат. Од Групацијата на организатори на пазари при Стопанската комора стравуваат дека тогаш може над 6.000 тезгаџии да излезат од пазарите, со што автоматски ќе влезат во зоната на сивата економија. 

Организаторите сметаа дека, работењето на пазарите е регулирано со многу закони. Посочуваа дека во законот за трговија на зелените пазари има голем број недоречености и не се добива ништо повеќе во регулирањето на дејноста, туку само се востановува комора, преку која се наметнуваат неекономски давачки за пазарџиите.

Пазарџиите многупати се закануваа со генерални штрајкови ако не се укинеше целосно законот.

Можеби ќе ве интересира

Зошто „паѓа“ доларот?

Зошто „паѓа“ доларот?

Кој плати 1,8 милиони евра за 21 отсто од акциите во „Скопски пазар“?

Кој плати 1,8 милиони евра за 21 отсто од акциите во „Скопски пазар“?

ИутеКредит и Нептун со ново иновативно решение за онлајн шопинг

ИутеКредит и Нептун со ново иновативно решение за онлајн шопинг

Запирањето на употребата на јаглен не е доволно, потребна ни е праведна транзиција

Запирањето на употребата на јаглен не е доволно, потребна ни е праведна транзиција

НЕМА ФИРМА ДА ЈА УРИВА ДИВОГРАДБАТА КАЈ „МАВРОВКА“: На тендерот не се јави никој, Општина Чаир денеска распишува нов

НЕМА ФИРМА ДА ЈА УРИВА ДИВОГРАДБАТА КАЈ „МАВРОВКА“: На тендерот не се јави никој, Општина Чаир денеска распишува нов

Витаминка има „лек за корона“! Прочитајте каков?

Витаминка има „лек за корона“! Прочитајте каков?

Усвоен полугодишниот извештај за Буџетот - колкави се приходите и расходите?

Усвоен полугодишниот извештај за Буџетот - колкави се приходите и расходите?

АСО ПРЕДУПРЕДУВА: Бугарски друштва без дозволи нудат полиси за осигурување

АСО ПРЕДУПРЕДУВА: Бугарски друштва без дозволи нудат полиси за осигурување

Ваучерите за туризам ќе можат да се користат и преку туристичките агенции

Ваучерите за туризам ќе можат да се користат и преку туристичките агенции