Добивај вести на Viber
Премиерот Зоран Заев објаснува зошто Владата го одложила организирањето на пописот кој требаше да се одржи оваа година.
Тоа тој го споделува како изјава на неговиот официјален фејсбук профил.
Вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и опозицијата барале пописот да се одложи неколку месеци пред пандемијата.
„Пописот го одложивме бидејќи Мицкоски и опозицијата бараа да биде одложен неколку месеци пред пандемијата и го направивме тоа.
Пописот и резултатите, никако не влијаат на Уставот, на Рамковниот договор, или слично. Пописот треба да се спроведе заради рамномерниот развој, економските параметри, статистиките коишто ни требаат во државата. Има правила Евростат и треба да ги почитуваме до крај. Април 2021 е месецот за спроведување на пописот“, потсетува премиерот.