11 Мај, 2024
0.0242

УСЛОВ ЗА ПРИЕМ НА КОСОВО ВО СОВЕТОТ НА ЕВРОПА: Го враќаат имотот на манастирот Дечани

Објавено во: Балкан 13 Март, 2024

Добивај вести на Viber

И aлбанскиот премиер Еди Рама ја поздрави одлуката на косовската влада за враќање на имотот на манастирот Дечани. 

Тој ја поздрави денешната одлука на косовската влада за спроведување на одлуката на Уставниот суд на Косово за манастирот Дечани.

„Целосно ја поддржувам одлуката ‘подобро некогаш отколку никогаш’ на Владата на Република Косово за спроведување на одлуката на Уставниот суд за Дечанскиот манастир. Го охрабрувам косовското раководство да продолжи да работи со нашите заеднички клучни сојузници и да покаже дека Република Косово е навистина кредибилен возрасен партнер на евроатлантската заедница“, објави Рама на социјалната мрежа Икс.

Одлуката на косовската влада денеска ја поздрави и високиот американски дипломат Габриел Ескобар.  Тој вели дека тоа беше тешка, но неопходна одлука. 

Владата на Косово денеска ѝ наложи на Агенцијата за катастар да ја спроведе одлуката на Уставниот суд за признавање на правото на сопственост на 24 хектари земјиште на Дечанскиот Манастир.

Премиерот на Косово, Албин Курти на почетокот на денешната седница на Владата рече дека оваа одлука ја донел, затоа што претставува услов за прием на Косово во Советот на Европа.

Тој рече дека Владата на Косово е исправена пред две опции: да го исполни овој услов и Косово да биде примено во Советот на Европа или да остане без членство. Според него, одлуката е донесена „водејќи се од здравиот разум“.

Курти нагласи дека и натаму ја смета одлуката за штетна, но додаде дека приемот во Советот на Европа ќе биде историска победа.

foto Wikipedia/Pudelek(Marcin Szala)

Можеби ќе ве интересира

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји