05 Мај, 2024
0.0239

УТМС го одбележа светскиот ден на туризмот

Објавено во: Мои пари 28 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

По повод Светскиот ден на туризмот, Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје како единствена придружна членка на Светската туристичка организација (UNWTO) од Република Македонија, во партнерство со Qatar Airways и Хотел „Мериот” Доха на 27.09.2017 година го одбележа Светскиот ден на туризмот. Поддршката на глобалната кампања на UNWTO за подигнување на свеста за вредноста на одржливиот туризам за економскиот развој –Travel, Enjoy,Respect која го афирмира значењето на туризмот како катализатор за позитивни глобални промени, УТМС ја реализираше преку предавање во амфитеатарот пред студентите и вработените од страна на амбасадорката на Р. Хрватска во Р. Македонија, Нејзината Екселенција, г-ѓа Данијела Баришиќ. Темата беше фокусирана на историскиот развој и стратешките определби на туризмот во Р. Хрватска. Предавањето беше поддржано со видео записи за културното наследство и атрактивноста на Р. Хрватска како туристичка дестинација за младите.

Одбележувањето на овој значаен глобален настан,  продолжи и во вечерните часови на платото пред УТМС со организирање на прием на видни претставници од релевантните институции од Р. Македонија, претставници од дипломатскиот кор како и претставници од бизнис секторот. Со пригодно обраќање настанот го отвори ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, кој во својот говор го потенцираше глобалното значење на туристичката индустрија укажувајќи на значењето на човечкиот фактор во генерирањето на промените за подобра иднина. 


Во таа насока ректорот истакна дека туризмот е значаен за глобалниот економки развој, социјално зајакнување на заедниците со отварање на нови работни места, зачувување на животната средина и справување со климатските промени, почитување на различноста, идентитетот, култура и мирот  како основен предуслов за развој и напредок на глобално ниво.

По повод Светскиот ден на туризмот, комерцијалниот директор на Qatar Airways Скопје, воедно и алумни на УТМС, на најдобрите студенти на УТМС им додели четири авио билети Скопје-Доха, а Хотел „Мериот” Доха им додели четири викенд ноќевања.

Прославата продолжи со музички хепенинг со настап на пејачот Владо Јаневски.

Можеби ќе ве интересира

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото