06 Мај, 2024
0.0299

Утре се отвара автопатот Демир Капија - Смоквица, претставници од претходната власт нема да присуствуваат?

Објавено во: Економија 22 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Иако проектот е започнат од времето на претходната власт, претставници од ВМРО-ДПМНЕ најверојатно нема да присуствуваат на утрешното свечено пуштање во употреба на автопатот Демир Капија - Смоквица.

- Тоа треба да се праша организаторот, но за официјална покана не сум слушнал. Можеби на некого му е доставена лично, можеби на тогашниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски или Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, но на агендата не ми е познато дека некој од партијата ќе оди утре на отворањето - ни изјави портпаролот Иво Котевски.

Инаку, поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на два пати, вчера и денес, реагираше на социјалните мрежи, истакнувајќи дека пуштањето во употреба на автопатот било свесно одолговлекувано за СДСМ да го прикаже проектот како свој и дека во последниот период не биле запазени безбедносните стандарди.

На утрешната свеченост ќе учествува премиерот Зоран Заев, претставници на Директоратот за проширување на Европската Унија, највисоки претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, членови на македонската Влада како и претставници на локалните самоуправи низ кои поминува автопатот „Пријателство“. На настанот се очекува и министерот за инфраструктура и транспорт на Република Грција Христос Спирцис, како и претставници на компаниите изведувачи на работите на делницата.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) минатиот месец објави дека отвора истрага под име „Актор“ за изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Предметот, според СЈО, се однесува за фаворизирање на грчката компанија „Актор“ за изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, иако подобра понуда имала италијанската компанија „Тото“. Покрај тоа, во „Актор“ има сомненија и за перење пари. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?