Утре во Бриндизи Османи на маса со Џачка, Марија Габриел и Тајани - стартува Иницијатива 8
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2023
На иницијатива на Бујар Османи, утре во Бриндизи на покана на потпретседателот на Советот на министри и министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани, министерката за надворешни работи на Република Албанија, Олта Џачка и заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел и Бујар Османи ќе одржат квадриратерален министерски состанок.
Целта на состанокот е да се воспостави регионална економска соработка помеѓу Северна Македонија, Бугарија и Албанија и да се координираат активностите долж коридорот 8 кој започна интензивно да се гради. Овој коридор кој ги поврзува Јадранското и Црното Море а поминува низ Северна Македонија е можност за економски развој и соработка меѓу трите земји, но и добра основа за подобрување на политичките односи меѓу двете земји преку проект како Коридор 8 кој ги обединува интересите на Владите од овој регион.