04 Мај, 2024
0.0279

ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ДОЦНИ: Не очекува ли тешка есен?

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

И оваа година вакцинацијата против сезонски грип доцни. Во одговор за Фактор, една недела пред истекот на септември, од Министерството за здравство соопштија дека набавката е во тек и дека се очекува да има 40.000 дози вакцини против сезонскиот грип. Освен тоа, како што посочуваат, пристигнувањето на вакцините зависи од производителите.

-Во моментот е во тек набавката на вакцините против сезонски грип, со кои е предвидено Министерството за здравство да набави 40.000 дози на четири валентни вакцини. МЗ и минатата година навремено ја спроведе набавката на вакцини за сезонски грип. Достапноста и испораката на вакцините зависи од производителите. Засега планирани се 40.000 дози наменети за бесплатна вакцинација. Доколку има потреба МЗ ќе набави дополнителни количини, посочуваат од Министерството за здравство.

Во меѓувреме, додека се уште се чекаат вакцините против грип, здравствените власти апелираат на што поголем опфат на вакцинација против корона вирусот. Епидемиолозите велат дека, дури и да се случи истовремена вакцинација, и против ковид и против сезонски грип, нема да се случат несакани ефекти од двете вакцини истовремено. Напротив, придобивките од вакцинацијата се многу поголеми, особено, доколку едно лице истовремено се зарази и со ковид и со сезонски грип. На сериозни компликации во ваков случај предупредуваат и матичните лекари, но и инфектолозите и епидемиолозите.

Инаку, лицата кои бесплатно ја примаат вакцината против сезонската инфлуенца, односно грипот, според Комисијата за заразни болести се оние кои припаѓаат на некоја од ризичните групи.

- Стари лица (над 65 години)

- Лица со хронични заболувања

- Здравствени работници

- Бремени жени

- Децата на возраст од 6 месеци до 5 години

Овие граѓани, преку нивните матични лекари и електронскиот систем МојТермин закажуваат термин за вакцинација против сезонски грип и тие ќе бидат аплицирани во пиликлиниките на здравствените домови, исто како и претходните години. Во центрите за јавно здравје ќе има комерцијални вакцини, и тие се наменети за граѓаните кои не спаѓаат во некоја од ризичните групи, а кои ќе сакаат да се заштитат од сезонскиот грип.  

-Комерцијалните вакцини против грип ги набавуваат Центрите за јавно здравје од сопствен буџет и истите ја одредуваат цената на вакцината, велат од Министерството за здравство.

Минатата година, комерцијалната вакцина против сезонски грип чинеше 600, а здравствените власти очекуваат оваа цена да остане иста.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

КАРАКАМИШЕВА УШТЕ ЕДНАШ МУ РЕПЛИЦИРАШЕ НА ОСМАНИ, ОВОЈ ПАТ ЗА БАДЕНТЕР: Еве каде според неа се употребува ова мнозинство

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска