26 Април, 2024
0.0283

ВАКЦИНИРАЊЕТО НЕМА ДА ЗАВРШУВА СО ВТОРАТА ДОЗА - Фајзер навестува дека ќе биде потребна и трета по 12 месеци

Објавено во: Свет 16 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Извршниот директор на компанијата Фајзер, Алберт Бурла, вели дека на луѓето кои примиле вакцина против коронавирус, најверојатно ќе им треба дополнителна доза во рок од 12 месеци по приемот на втората.

Тој исто така нагласил дека е можно луѓето да мора да се вакцинираат со една доза против коронавирус на годишно ниво.

„Исклучително е важно да се намали бројот на луѓе кои можат да бидат подложни на вирусот“, изјавил Бурла за CNBC.

Фајзер и партнерската компанија Бионтек на почетокот на овој месец изјавија дека нивната вакцина е ефикасна против разни видови на вирусот и дека заштитата трае најмалку шест месеци по втората доза.

Резултатите од третата фаза на клинички испитувања на вакцината Фајзер/Бионтек против коронавирус покажаа дека вакцината е 91,3 проценти ефикасна.

Новата стапка на ефикасност од 91,3 проценти е пониска од 95 проценти, кои првично објавени во ноември со 44.000 учесници во истражувањето.

Извршниот директор на Џонсон и Џонсон, Алекс Горски, исто така, за CNBC во февруари изјави дека на луѓето можеби им е потребна вакцината против ковид 19 секоја година, исто како што е потребно во случај на грип.

Сепак, експертите сметаат дека се потребни повеќе податоци и истражувања за да се утврди дали заштитата трае и по тие шест месеци.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек