Ване Цветанов е разрешен од директорската позиција откако ја ангажираше сопругата да му помага
Објавено во: Македонија 15 Март, 2022
Ване Цветанов е разрешен од раководната позиција во Советот за унапредување и надзор на ревизијата, потврдуваат од Владата.
Цветанов е разрешен по информациите за ангажирањето на сопругата во оваа институција. Тој ја ангажирал сопствената жена, манекенката Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.Цветанов беше на оваа функција од јули 2019 година, а претходно беше директор на Агенцијата за спречување перење пари и финансирање тероризам. Цветанов беше обвинет за злосторничко здружување и издавање службена, државна или воена тајна во случајот „Шпион“, во октомври 2014 осуден на 3 години затвор, а Апелацискиот суд во октомври 2016 ја намали на условна казна затвор од 2 години.
фото Фејсбук