04 Мај, 2024
0.0291

Вардар-Копенхаген натпревар од висок ризик - Посебни мерки на безбедност

Објавено во: Македонија 23 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Натпреварот меѓу Вардар и данскиот тим Копенхаген кој се игра на националната Телеком Арема во Скопје е прогласен за меч од висок ризик за што ќе бидат применети посебни мерки на безбедност. Управата на ФК Вардар исто така ги повика фановите да навиваат коректно без навреди кон УЕФА, ФИФА или противниците.

Вардарци и данскиот тим ќе се соочат во вторник, а од Вардар апелираат гледачите да дојдат на стадион најдоцна до 19.30 часот, кога има наредба од УЕФА да се затворат вратите на „Телеком арената“.

„Натпреварот Вардар – Копенхаген е прогласен за меч од висок ризик. Ги молиме сите кои ќе присуствуваат на стадионот, да стигнат порано за да се избегнат големите гужви на стадионот. Вратите на стадионот ќе бидат отворени од 18 часот, а по наредба на УЕФА ќе треба да се затворат во 19:30 часот. Исто така Ве замолуваме да не носите со себе чанти, тврди предмети, парички, запалки, во спротивно ќе Ви бидат одземени на самиот влез на стадионот“, велат од ФК Вардар.

Ова е прв натрпевар од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Вардар претходно го елиминираше шведски Малме. 

Исто така доби и дозвола да игра на стадионот во Скопје наместо во Струмица каде нема соодветни услови за натпревар од Лигата на шампиони, а ниту еден друг стадион во Македонија не е во тој ранг. Да постетиме до играњето на Супер купот на УЕФА на 8 август стадионот во Скопје беше целосно затворен за употреба.

Можеби ќе ве интересира

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

МАЈСКИ СНЕГ НА ПОПОВА ШАПКА: Обелеа планинските врвови во земјава

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ПОЧНА ПРЕДИЗБОРНАТА „ВОЈНА“: Во Кичево украден банер со рекламен материјал на политичка партија

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

ЗА ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ЌЕ СИ ПОЧЕКАМЕ: И мај ќе го поминеме со постудено време и чести врнежи од дожд

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

„НА ОВОЈ ДЕН ПОЧИНАА ДВАЈЦАТА НАЈГОЛЕМИ МАКЕДОНЦИ, СЀ ДРУГО БАРЕМ ЗА МЕНЕ Е ЛАГА“: За д-р Беќаровски, четврти мај е македонскиот „Велики петок“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

ВАНКОВСКА ПРОГНОЗИРАШЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ИЗБОРИТЕ, НО ДАДЕ МИСЛЕЊЕ И ЗА ДРУГИ ВАЖНИ ТЕМИ: „Македонија нема да може да биде ни твоја ни наша“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

АНГЕЛОВ НАЦРТА ЦРТЕЖ ЗА БУЈАР ОСМАНИ: „Според Бујар Османи токму тој едниот Албанец од ДУИ е клучен“

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ТРИ СТЕПЕНИ ГО ТРЕСЕА НОЌЕСКА СКОПЈЕ: Земјотресот потврден и од Сеизмолошка опсерваторија на Македонија

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ДАНЕЛА СЕ РЕКЛАМИРА НА КАМИОНИ: Низ Скопје провозе камион со налепници на партијата на Арсовска

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината

СПАСУВАЧКА ДРАМА НА ЦУК: Повозрасно лице се изгубило на Плачковица, спасителите од „Осогово“ Кочани го најдоа во еден часот утрината