ВЧЕРА ПРВ СЛУЧАЈ НА ЗАРАЗА, ДЕНЕСКА ШЕСТ МРТВИ: Во Северна Кореја 350.000 луѓе се лекуваат од висока температура
Објавено во: Свет 13 Мај, 2022
Шест лица починаа, а околу 350.000 се лекуваат од висока
температура како резултатна болеста
која „брзо експлодираше“ низ Северна Кореја,
објавија денеска државните медиуми, еден ден откако потврдија дека за прв пат
избувна епидемијата на
коронав ирус во земјата од почетокот
на пандемијата ма ковид-19
Северна Кореја веројатно нема доволно тестови за ковид и друга медицинска опрема, а Пјонгјанг изјави дека не ја знае причината за бројните случаи.
Сепак, фокусот на корона вирусот би можел да биде катастрофален за земја со слаб здравствен систем, невакцинирана и неухранета популација.
Новинската агенција КЦНА објави дека околу 350.000 луѓе биле болни од крајот на април, а 162.200 оздавеле.
Се додава дека само во четвртокот кај 18.000 лица е утврдено дека имаат симптоми на болеста, а 187.800 лица биле изолирани поради лекување.
Потврдено е дека еден од шестмината починати е заразен со сојот омикрон, според КЦНА, но засега нема конкретни податоци за тоа колку од болните се директно поврзани со Ковид.
Северна Кореја во четвртокот воведе целосен карантин, откако беа потврдени првите случаи на корона вирусот.
Можеби ќе ве интересира
Нехамер: Путин е согласен за извоз на пченицата, и за размена на воени заробеници

Истражување - Колку е човекот поактивен, толку е посреќен
ЕУ ќе купи вакцини и таблети против мајмунски сипаници

Соборот на Украинската православна црква прогласи целосна независност

Кличко - Новинарите треба да побараат аудио или видео потврда за ваква ексклузива
Предупредување за силно невереме во Европа и Јужен Балкан

САД со санкции за две руски банки поради поддршката на Северна Кореја

СЗО: Скоро 200 нови инфекции со мајмунски сипаници во над 20 земји

ОХЦР: Над 4.000 цивили се убиени од почетокот на војната во Украина
