26 Април, 2024
0.0299

Вебинар “ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ОРГАНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО“

Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Се одржа првиот од серијата вебинари наменети за одржлив развој на македонското земјоделство, производство на храна и зачувување на животната средина во организација на Амбасадата на Р.Италија во соработка со ITA- Italian Trade Agency во Скопје и М6 Едукативниот Центар.

Вебинар со наслов “Предизвиците на органското производство“,  го отворија Н.Е. Андреа Силвестри, Амбасадор на Р.Италија во Р.Северна Македонија, и г-дин Аријанит Хоџа, Министер за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство.

Целта на вебинарот беше споделување практични нови знаења и искуства со некои од најреномираните италијански експерти од областа на органското производство.

Во оваа прилика Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри го потенцираше значењето на соработката помеѓу двете земји во областа на земјоделството и можноста истата да биде дополнително зајакната преку оваа серија на средби кои ќе им овозможат на македонските фирми, земјоделци и институции да стекнат нови практични знаења и да разменат искуства со некои од најреномираните италијански експерти во областа на органското производство. Тој истакна дека секторот на органско производство во Италија забележа исклучителен подем во изминатите години, така што може се смета за успешен модел и пример за ефикасност, иновативност и одржливост од социјален аспект и од аспект на заштита на животната средина.

Министерот за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство Аријанит Хоџа, ja поздрави идејата за организирање на ваков вебинар, со кој Италијанската амбасада во Северна Македонија, безрезервно и помага на Република Северна Македонија на патот за унапредување на органското производство, што воедно е дел од развојната агенда на МЗШВ на патот кон евроинтеграцијата и нашето усогласување со ЕУ стандардите и регулативите.

Италијанските експерти Џакомо Мочаро и Рикардо Мео, го претставија искуството на Италија во органското земјоделство, владината поддршка, контролата и формите на здружување.

Во Италија органското производство добива се поголемо значење. Во последниве 10 години, зголемени се за 80% земјоделските површини наменети за органско производство кои во моментов изнесуваат околу 2 милиони хектари, додека употребата на пестициди во истиот период е намалена за 40%. Потрошувачката на органски производи е зголемена за 180%,  и во 2020 година изнесуваше 3,3 милијарди евра.

На Вебинарот учествуваа повеќе од 70 преставници од македоноски компании, земјоделци и институции, кои имаа можност да стекнат нови знаења за придобивките од органското производство, начините за унапредување на продажбата и зголемување на извозот, како и остварување на поголем профит.

Органското производство во Р.С. Македонија е далеку под својот вистински потенцијал за производство и продажба на органски производи, и покрај тоа што од година в година се зголемува интересот кај земјоделците.

Имено, органското производство во земјава вклучува 900 земјоделци, и 4,000 хектари цертифицирано земјоделско земјиште, каде се одгледуваат претежно житни култури (1,478 хектари),  овошки (789 хектари) и индустриски култури (715 хектари). 

Во светски рамки се повеќе расте интересот од страна на потрошувачите за користење на органски производи. За да успее на областа на органското производство, Р.С. Македонија треба да обезбеди консолидација на синџирот на снабдување од страна на производителите и дистрибутерите на органски производи, зголемување на ефективноста на органското производство  доедукација и примена на успешните искуства и практики на други земји, подобрување на маркетинг активностите поврзани со органското производство и промовирање на “органски“ вредности кај домашните потрошувачи. 

ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна