26 Април, 2024
0.0303

Веро трајно ги намали цените на 650 производи за секојдневна употреба

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Со цел да им излезе во пресрет на своите потрошувачи , следејќи ги нивните барања и сугестии, „Веро“ трајно ги намали цените на 650 основни производи кои ја сочинуваат секојдневната потрошувачка кошничка на граѓаните. Станува збор за производи за секојдневна употреба во неколку категории, во кои спаѓаат прехранбени производи, средства за лична хигиена и средства за одржување на хигиената во домот.

Намалените цени на избраните производи веќе се истакнати во сите Веро маркети, видливо обележани со посебни налепници за да може потрошувачите полесно да ги лоцираат. Со поевтинувањето на потрошувачката кошничка во „Веро“, потрошувачите ќе остварат заштеди кои позитивно ќе се одразат врз нивниот домашен буџет, а во исто време ќе продолжат да добиваат сѐ на едно место - најголем избор на квалитетни и свежи производи, одлична атмосфера за пазарување во уредени маркети и беспрекорна професионална услуга подготвена да одговори на сите барања на купувачите. 

Не станува збор за периодична акција или промоција од времен карактер каде цените повторно се враќаат на претходното ниво по завршувањето на промотивниот период. Ние иницираме трајно намалување на цените на најчестите производи за секојдневна употреба кое ќе трае засекогаш. Нашите анализи покажуваат дека потрошувачите ќе остварат значителни заштеди имајќи предвид дека цените се намалени кај многу голем број производи кои гикупуваат секој ден. Трајното намалување на цените на производите е со цел да им излеземе во пресрет на потрошувачите и да им се оддолжиме за довербата што ни ја укажуваат секојдневно – вели Љубица Короскоска, маркетинг-директор на „Веропулос“ во Македонија. 

Поголемиот дел од конкретните производи се од домашно производство, што докажува дека „Веро“ продолжува да ги поддржува домашните производители и брендови. Овој стимул на домашните компании е дополнителен поттик за натамошен развој на нивните бизниси.

И покрај трајното намалување на цените на 650 производи, „Веро“ и понатаму ќе продолжи за своите потрошувачи да ги обезбедува најдобрите цени на пазарот и на останатите производи преку периодични акции и промоции. 

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“