07 Мај, 2024
0.0254

Весковски: За земјиштето кај Имес има сомнежи за проневера и треба судски епилог

Објавено во: Македонија 19 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Земјиштето кое се наоѓа во близина на поранешниот ресторан „Имес“, а чија купопродажба се споменува како причина за приведувањето на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, беше актуелно во време на локалните избори во 2017 година. Душко Весковски од СДСМ, актуелниот директор на Водовод, тогаш обвини дека плацот бил купен за само 11 илјади евра, а само два месеци подоцна бил продаден на друга фиирма за 600 илјади евра. Весковски сега вели дека е добро ако овој случај има епилог, затоа што имало индиции дека земјиштетото било оттуѓено неправилно.

„Сите детали треба да ги соопшти истрагата и Обвинителството. Немаме информации за кој случај станува збор, но останувам на тврдењата од тогаш кои укажуваа на тоа дека државно земјиште било оттуѓено за багателна цена, а потоа продадено за неколкукратно повеќе. Ваков и слични случаи треба да се истражат и да имаат епилог, вели Весковски.

Инаку земјиштетото било купено од фирмата „ГРОМ промет“ која за 1.533 квадратни метри дала 11 илјади евра. Подоцна истата оваа фирма локацијата ја продала за 600.000 евра. Како купувач се јавува фирма „Дабар Доел“. Инаку Јакимовски е основач и лидер на партијата ГРОМ.

Од општина Карпош тогаш тврделе дека Весковски заборавил да каже оти „ГРОМ Промет“ платила уште 180 илјади евра за легализација на објектот.

Утрово приведен беше Јакимовски и уште седуммина други. За поранешниот градоначалник се бара притвор. Детали се најавуваат за подоцна. 


Можеби ќе ве интересира

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

ДЕТАЛИ: Возач на „ауди“ од Сарај преполови автомобил во Влае, жена се бори за живот

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

Двојно повеќе посети од Македонците во Грција

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

„ОВА ГО ЧУВСТВУВАМ КАКО ПРИТИСОК И ОБИД ЗА ЦЕНЗУРА“ - Боки 13 повикан во полиција во врска со пријавите за загрозување на безбедност

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

Тешка сообраќајка, затворен булеварот Партизански одреди во Влае

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПА ГРМОТЕВИЦИ: понесете чадори, во попладневните часови ќе има пороен дожд

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден